Sayed Khodaberdi Sadat
04 Август 2017•Ажурирај: 04 Август 2017
КАБУЛ (АА) - Најмалку четири лица загинаа, а шест се ранети во напад врз конвој на НАТО на подрачјето на Карабаг во Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот во близина на Канцеларијата на гувернерот на Карабаг го извел бомбаш-самоубиец облечен во женска облека. Загинаа еден војник на НАТО и тројца цивили.
НАТО силите во Авганистан потврдија дека загинал еден нивен војник и преведувач, а дека се повредени петмина војници.
Повредените војници се хоспитализирани во болницата, која се наоѓа во рамките на американската воздушна база во Баграм. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците кои тврдат дека во самоубиствениот напад загинале 11 американски војници.
И пред два дена беше изведен напад врз конвој на НАТО на подрачјето на Кандахар, во којшто загинаа двајца американски војници.