Canberk Yüksel
13 Април 2017•Ажурирај: 13 Април 2017
ЊУЈОРК (АА) - Телото на првата американска судијка со исламска вероисповест е пронајдено синоќа во реката Хадсон, во сојузната американска држава Њујорк, соопшти полицијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Телото на Шејла Абдус-Салам (65) е пронајдено еден ден откако беше пријавено нејзиното исчезнување. Телото го идентификуваше нејзиниот сопруг, откако полиција повикал еден од очевидците кои го забележал телото во реката.
Полицијата соопшти дека медицински вештак ќе ја утврди причината за смртта.
Шејла Абдус-Салам во 2013 година беше именувана за првата Афроамериканка во највисоките државни судски инстанци. Беше именувана од страна на гувернерот Ендрју Куомо, кој изрази сочувство до семејството на починатата судијка.
"Со своите списи, со мудроста и непоколебливиот морален компас, беше сила на добрината чие наследство ќе се почувствува во годините што доаѓаат", изјави Куомо.
Абдус-Салам дипломирала право на Универзитетот Колумбија, а во 1993 година беше избрана во Врховниот суд на Њујорк. Дваесет години подоцна инаугурирана е во Жалбениот совет, една од најважните државни судски инстанци.