Canberk Yüksel
13 Април 2017•Ажурирај: 13 Април 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е време да се заврши бруталната граѓанската војна во Сирија и бегалците да се вратат во своите домови, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Мораме заеднички да работиме на тоа да се реши моменталната катастрофа во Сирија. Масакрот на недолжните цивили со хемиско оружје, вклучувајќи го и варварското убивање на беспомошните деца и бебиња, мора силно да ги одбие било која нација која го цени човечкиот живот”, изјави Трамп по состанокот со генералниот секретар Јенс Столтенберг во Белата куќа.
Трамп истакна дека постои можност Русија однапред да знаела за нападот со хемиско оружје на Кан Шајхун во Идлиб.
„Би сакал да знам дека не знаеле однапред, но секако можеа да знаат. Таму се.. ”, изјави американскиот претседател кој оцени дека односите меѓу САД и Русија можеби паднале на најниско ниво досега.
Односите помеѓу Москва и Вашингтон се заострија откако САД во петокот истрела проектили врз сириската воена база од која, како што веруваат американските официјални лица, претходно е извршен смртоносен хемиски напад врз цивилите во Идлиб.