Bilal Acar
19 Септември 2020•Ажурирај: 20 Септември 2020
ЛОНДОН
Телохранителот на британскиот министер за надворешни работи, Доминик Рааб, го заборави оружјето во авион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на британскиот весник „Сан“ („The Sun“), телохранителот на Рааб го заборавил оружјето во авионот при летот Вашингтон - Лондон.
Вработен, кој се грижел за чистењето на авионот, го пронашол оружјето на седиштето, и веднаш потоа го доставил до безбедносните лица на аеродромот.
Потврдено е дека полуавтоматскиот пиштол од типот „Глок-19“, заборавен во авионот, припаѓал на полицаецот припадник на „Скотланд јард“. Полицаецот добил отказ од работното место.
Во изјавата од полицијата „Метрополитен“ во врска со случајот се истакнува: „Се спроведува внатрешна истрага за настанот. Ние сме свесни за сериозноста на инцидентот.“
Доминик Рааб престојуваше во Вашингтон поради средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Претходно, блискиот телохранител на поранешниот британски премиер, Дејвид Камерон, исто така го заборави пиштолот и пасошот на поранешниот премиер во тоалетот на авионот, кој леташе од Њујорк до Лондон.