Emre Aytekin
23 Јули 2018•Ажурирај: 24 Јули 2018
ТОКИО (АА) - Во Јапонија продолжува дејството на топлотниот бран, поради кој, од почетокот на месецов животот го загубија десетици лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста од јапонската Информативна агенција „Кјодо“ (Kyodo), во градот Кугајама, северно од Токио, измерена е температура од 41,1 степен Целзиусов, што претставува највисока измерена температура во историјата на Јапонија.
Температурата во централниот дел на земјата, во градот Нагоја изнесува 39, додека во Токио се измерени 37 степени Целзиусови.
Поради екстремно високите температури викендов, во Јапонија починаа 11 лица. Само во саботата, амбулантните возила во Токио на терен излегле 3.099 пати.
Поради екстремно високите температури, кои од почетокот на месецот ја зафатија земјата, животот го загубија најмалку 25 лица.