Gamze Türkoğlu Oğuz
23 Јули 2018•Ажурирај: 23 Јули 2018
ХАНОИ (АА) - Од последиците на тајфунот „Сон Тин“, кој го погоди северен Виетнам, смртно настрадаа најмалку 22 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Кјодо“, повикувајќи се на изјавите од официјално лице од цивилната заштита, јавува дека во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од тајфунот, формиран во Јужнокинеското Море, загинале 22 лица, а 12 се водат за исчезнати.
Во налетот на тајфунот кој го погоди Ханој, беа повредени 26 лица, а околу 4.000 станбени објекти беа оштетени. Штетата е нанесена на земјоделско земјиште од 100.000 хектари. Поплавени беа околу 6.000 објекти.