Ekipa
22 Октомври 2017•Ажурирај: 23 Октомври 2017
ДЕИР ЕЗ-ЗОР (АА) - Терористичката организација ПКК/ПЈД го зазеде најголемото сириско нафтено поле кое до сега го контролираа терористите на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите на ПКК/ПЈД на 9 септември со поддршка на САД започнаа операција за заземање на градот Деир ез-Зор кој лежи на брегот на реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.
Локалните извори јавуваат дека терористите денес го зазеле нафтеното поле Ал Омар, кое лежи на источниот брег на реката Еуфрат, и кое се простира низ пустината кон сириско-ирачката граница.
Терористичките сили на ПКК-ПЈД минатата недела ја зазедоа Рака, а локалните ивори исто така јавуваат дека голем број терористи од Рака се префрлени на боиштето во Деир ез-Зор.
Кон крајот на минатиот и почетокот на овој месец терористите на ПКК/ПЈД ја зазедоа и постројката со резерви на гас Коноко и нафтеното поле Џафра, кои се наоѓаат во североисточниот дел на Деир ез-Зор.
Според последните информации, терористите на ПКК/ПЈД контролираат четвртина од територијата на Сирија. Нафтените полиња во Деир ез-Зор во изминатите три години претставуваа еден од главните извори на финансии на терористичката организација ДЕАШ.