Alma Çekovic
22 Октомври 2017•Ажурирај: 23 Октомври 2017
РИМ (АА) - Претседателот на Европскиот парламент (ЕП), Антонио Тајани, изјави дека Европа би требало да се плаши од ширењето на малите нации во време кога Шпанија се соочува со каталонската криза, а двата италијански региони, Ломбардија и Венето, денес одржуваат референдум за поголема автономија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Затоа никој во Европа нема намера да ја признае Каталонија. Дури и британската премиерка Тереза Меј среде Брегзит изјави дека Обединетото Кралство никогаш не би ја признало Каталонија. Шпанија е историски обединета земја со многу автономни региони и разновидно население кое зборува на различни јазици. Европа нема да се зајакне со деградирање на државноста“, изјави Тајани во интеврју за римскиот весник „Messaggero“ (Месаџеро).
Доколку поголемиот дел од гласачите во богатите региони на Ломбардија во која се наоѓаат Милано и Венето, каде што е и Венеција, ја поддржат пошироката автономија, се очекуваат преговори со Владата во Рим.
Одредени кругови во земјата го сметаат референдумот за непотребен, бидејќи тој не се однесува на сецесија.
Италијанските медиуми пишуваат дека трошоците од референдумот ќе изнесуваат околу 65 милиони евра.