Can Erözden
15 Март 2019•Ажурирај: 16 Март 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, ќе се состане со неговиот руски колега, Сергеј Лавров, во Анталија, при што ќе разговараат за билатералните односи и регионалните и меѓународни случувања, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за надворешни работи на Турција се соопштува дека двајцата министри ќе копретседаваат на заедничкиот состанок на 18 март.
По состанокот турското и руско Министерство за надворешни работи ќе го потпишат Планот за консултации 2019-2020.
Средбата ќе го отвори патот за самитот на Советот за соработка на високо ниво, кој треба да се одржи на 14 април во Москва.