Büşra Selvi Öğütcen
22 Мај 2017•Ажурирај: 23 Мај 2017
АНКАРА (АА) - „Ќе продолжиме да преземаме мерки и санкции против неприфатливиот став на Иран во врска со поддржувањето на терористичките активности, како и поради продолжувањето на развојот на програмата за балистички проектили, за Иран да разбере дека ова е неприфатливо“, истакна американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, јавува Anadolu Agency (AA).
Тилерсон во рамките на Самитот на Советот за соработка на земјите од Персискиот залив (GCC) и Соединетите Американски Држави (САД), одржа заедничка прес-конференција со својот саудиски колега, Адил ел-Џубејр.
Откако потсети на причината зошто Иран не учествувала на самитот, Тилерсон нагласи дека Иран продолжува со доминантните активности поддржувајќи го Хезболах во Јемен, Ирак, Сирија и во Либан.
Тилерсон истакна дека Иран не ќе може да присуствува на оваа маса сѐ додека не покаже дека има намера да биде добар сосед, како и да престане да ги плаќа странските војници и припадници на милициите за да ја нарушуваат стабилноста на земјите во регионот.
Исто така, Тилерсон се осврна и на претседателските избори во Иран, и вели дека во таа земја започнува еден нов период.
„Ќе продолжиме да преземеме мерки и санкции против неприфатливиот став на Иран во врска со поддржувањето на терористичките активности, како и продолжувањето на развојот на програмата за балистички проектили, за Иран да разбере дека ова е неприфатливо. Ќе продолжиме да ја охрабруваме глобалната заедница да преземе акции“, додаде тој.