Ekipa
03 Април 2025•Ажурирај: 04 Април 2025
ТОРОНТО (АА) - Торонто, најголемиот град во Канада, е покриен со бела покривка по врнежите од снег по падот на температурите, јавува Анадолу.
По интензивните снежни врнежи, обелеа зелените површини, парковите, покривите на зградите, улиците и булеварите. Снежните врнежи негативно се одразија на транспортот.
На снимката од екипата на Анадолу се гледа дека сообраќајот е отежнат поради снежните врнежи, а на улиците се движат мал број луѓе.