Esra Tekin
29 Јуни 2026•Ажурирано: 29 Јуни 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп денес потврди дека Иран побарал средба и дека двете страни ќе се сретнат утре во катарскиот главен град Доха, пренесува Анадолу.
„Иран побара средба. Таа ќе се одржи утре во Доха“, напиша Трамп во кратка објава на својот профил на социјалната мрежа „Трут соушал“.
Сепак, претходно истиот ден, заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, изјави дека оваа недела во Доха не се планирани „технички разговори“ со САД, со што ги негираше наводите на американските медиуми. Но, тој додаде дека консултациите со посредниците продолжуваат.
Претходно, порталот „Аксиос“ објави дека САД и Иран, по неодамнешните напади, се согласиле да ги надминат споровите околу Ормускиот Теснец. Техеран го затвори овој пловен пат откако САД и Израел започнаа напади кон крајот на февруари, а двете земји уште на почетокот на овој месец потпишаа првичен меморандум за ставање крај на конфликтот.