Muhammed Bilal Kenasari
19 Август 2017•Ажурирај: 20 Август 2017
ВАШИНГОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп го смени својот главен советник Стивен Бенон, јавува Anadolu Agency (AA).
Бенон на американската јавност и е познат по екстремните и десничарски ставови.
Весникот „Њујорк тајмс" наведе дека Трамп донел одлука да го отпушти својот главен советник.
Одредени американски медиуми пишуваат дека Бенон заминува од Белата куќа во петок, а Белата куќа сеуште не издаде официјално соопштение во врска со можното заминување на Бенон.
Бенон играше значајна улога во победата на Трамп на претседателските избори.