Emre Gürkan Abay
19 Август 2017•Ажурирај: 20 Август 2017
МОСКВА (АА) - Најмалку осум лица се повредени во напад со нож во рускиот град Сургут, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Рускиот комитет за истраги е наведено дека сеуште е непознато лицето кое со нож ги нападна минувачите во градот Сургут.
Во таа прилика се повредени најмалку осум лица, а полицијата го неутрализираше напаѓачот.
По нападот со нож, во градот се зајакнати безбедносните мерки, а во врска со нападот е покрената подетална истрага.