Dildar Baykan Atalay
29 Јули 2022•Ажурирај: 31 Јули 2022
ВАШИНГТОН (АА) - За жал, никој не отиде до крај со истрагата за 11 септември, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трамп на турнирот за голф поддржан од Саудиска Арабија одговори на прашањето во однос на семејствата на жртвите од нападите од 11 септември, кои протестираа против саудиското спонзорство на турнирот за голф ЛИВ што се одржува во неговиот голф-клуб во Бедминстер, Њу Џерси.
Опишувајќи ги одговорните за нападите на 11 септември како „манијаци“ и наведувајќи дека нападите се „страшен настан“ за целиот свет, Трамп рече: „Но, можам да кажам дека денес овде има многу прекрасни луѓе. Ќе имаме голема забава и имаме многу за славење. Многу пари ќе одат за здружението.“
Во врска со разузнавачките информации дека Саудиска Арабија стои зад нападите од 11 септември, Трамп рече: „Многу добро ги познавам спонзорите, и тоа долг период. Долго време се мои пријатели. Овие луѓе инвестираа во американски компании, имаат големи проценти во многу американски компании и тоа што го прават за голфот е одлично. За жал, никој не отиде до крај во истрагата за 11 септември.“
Оваа порака од Трамп до семејствата на жртвите од нападот на 11 септември, кои протестираа против турнирот, предизвика критики.