Hakan Ceyhan Aydoğan
29 Јануари 2017•Ажурирај: 29 Јануари 2017
МОСКВА (AA) - Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД Доналд Трамп остварија телефонски разговор, што е прв контакт на двајцата лидери, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Кремљ е наведено дека Трамп и Путин во текот на разговорот останале усогласени на тоа дека односите помеѓу Вашингтон и Москва треба да се развиваат на темелите на конструктивноста, рамноправноста и двостраниот интерес.
Нагласено е дека во текот на разговорите станало збор за ситуацијата на Блискиот исток и Украина, иранската нуклеарна програма, случувањата на Корејскиот полуостров, како и за други регионални и глобални теми. Двете страни нагласиле дека е потребен партнерски однос за сите наведени прашања.
Двајцата лидери исто така усоглсилеи формирање на координација во наредниот период кога станува збор за борбата против ДЕАШ и другите терористички организации.
Путин и Трамп во текот на разговорите дале наредби на ресорните кабинети за организирање на средба лице в лице.
Во соопштението од Кремљ е нагласено дека првиот разговор на Трамп со претседателот Путин поминал позитивно.