Hakan Çopur
23 Октомври 2025•Ажурирај: 24 Октомври 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека Израел ќе ја изгуби целата поддршка од САД доколку го анектира окупираниот Западен Брег, известува Анадолу.
Во интервју за списанието „Тајм“, американскиот претседател Трамп го коментираше неодамнешното гласање на израелскиот парламент за Западниот Брег.
На прашањето што ќе се случи ако владата на Бенјамин Нетанјаху во Израел преземе чекори кон анексија на Западниот Брег, Трамп одговори:
„Тоа нема да се случи, тоа нема да се случи. Тоа нема да се случи затоа што им дадов збор на арапските земји. Не можете да го направите тоа сега. Ако тоа се случи, Израел ќе ја загуби целата поддршка од САД“.
- Венс рече дека гласањето за анексија на Западниот Брег го смета за „идиотско“
И потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, кој ја заврши својата посета на Израел, даде изјава за ова прашање на аеродромот.
Венс рече дека фактот што законот за анексија на окупираниот Западен Брег бил усвоен во парламентот преку прелиминарно гласање додека тој бил во Израел претставува навреда за него и дека тоа го смета за „идиотско“, додавајќи дека политиката на администрацијата на Доналд Трамп е против анексија.
Законот, со кој се гласаше Израел да ги анектира нелегалните еврејски населби изградени на палестинско земјиште на окупираниот Западен Брег, беше изгласан во израелскиот парламент во средата.
Од пратениците кои учествуваа во гласањето 24 гласаа „против“, додека 25 гласаа „за“.
Предлог-законот треба да помине уште три гласања во парламентот за да стане закон.