Ekipa
02 Април 2018•Ажурирај: 02 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Мексико не прави ништо за да ја запре илегалната имиграција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп преку социјалната мрежа Твитер порача дека мексиканските власти со тоа се исмејуваат на „глупите имиграциски закони“.
„Мексико прави премалку, можеби и ништо, за да преку својата јужна граница го запре влезот на имигрантите во таа земја, а потоа во САД. Им се смеат на нашите глупи имиграциски закони. Мораат да го спречат приливот на наркотоци и луѓе или ќе го запрам Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА). Потребен е ѕид“, напиша Трамп на твитер профилот.
Мексико, САД и Канада од август минатата година се во преговори за модернизација на Договорот за слободна трговија во Северна Америка (НАФТА), откако Трамп се закани дека САД ќе излезат од тој договор. Американскиот претседател тврди дека договорот за слободна трговија му штети на САД.
Трамп во текот на претседателската кампања вети дека ќе изгради ѕид на јужната граница со Мексико за да го запре шверцот на наркотици и илегалната имиграција во САД, но американскиот конгрес не презема конкретни чекори по тоа прашање, онака како што тоа го очекуваше американскиот претседател.