Hakan Çopur
22 Март 2018•Ажурирај: 22 Март 2018
ВАШИНГТОН (AA) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија може да помогне во решавање на многу прашања, вклучувајќи ја кризата во Сирија, Украина, Северна Кореја, Иран, борбата против терористите на ДЕАШ, па дури и трката во наоружување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп синоќа преку Твитер одговори на критиките на функционерите и јавноста кои го осудуваат неговиот телефонски повик и честитката која му ја упати на рускиот претседател Владимир Путин по неделната изборна победа.
Потсетувајќи дека и поранешниот американски претседател Барак Обама, во времето на извршување на неговата претседателска функција, на ист начин му честитал на Путин на изборната победа, Трамп рече дека во неговиот случај, медиумите излуделе од лажните вести.
„Сакаа да му ја одерам кожата, но се излажаа. Согласувањето со Русија и другите е добра работа, не е лоша“, порача Трамп.
Исто така рече дека и поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш, се обидел да воспостави добра соработка со Русија, но дека за тоа немал паметни советници. Додаде дека истото се обидувал и неговиот претходник Барак Обама и тогашната шефица на Стејт Департментот, Хилари Клинтон, но дека тие немале доволно енергија и хемија за тоа.