Sarp Özer
22 Март 2018•Ажурирај: 22 Март 2018
АФРИН (АА) - Сарп Озер -
Вооружените сили на Турција, во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, откако центарот на Африн е ослободен од терористите, презедоа мерки за да ги заштитат цивилите и татковината, а една од нив се и ноќните патроли на тоа подрачје, јавува Anadolu Agency (AA).
Операцијата која е преземена со цел неутрализација на терористите на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, како и воспоставување безбедност во Африн и долж границата, се продолжува.
Подрачјето на Африн во северозападна Сирија го сочинува истоимениот град и уште шест други помали градови. Сите центри на градовите се ослободени од терористите.
Операцијата во Африн е во согласност со Турското право, засновано на Меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Неименуван командант на единицата пред патролата на командосите изјави дека во Африн треба да го заштитат животот на жителите на Африн и нивната татковина.
Исто така, припадниците на силите при Слободната сириска војска, преку контролните пунктови, поставени на неколку локалитети, помагаат во воспоставување на безбедност.
На контролните точки не се дозволува влез на тоа подрачје, доколку не станува збор за локалното население.