Dilara Hamit
02 Август 2019•Ажурирај: 03 Август 2019
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека смета оти е потребна блокада или карантин за Венецуела за да се изврши притисок врз претседателот Николас Мадуро да се повлече, пренесува Anadolu Agency (AA).
Запрашан од новинарите дали тој ја разгледал таа мерка, со оглед на тоа колкава вклученост имаат Кина и Иран во Венецуела, Трамп одговори: „Да, го направив тоа“, но не даде детали во врска со времето и за тоа на кој начин ќе се спроведе тоа.
Администрацијата на Трамп се фокусира на економскиот и дипломатски притисок врз Мадуро, истовремено одбивајќи да спроведе какво било воено дејство.
Трамп ги даде овие изјави додека заминуваше од Белата куќа, одејќи на митинг за кампањата.
Венецуела беше зафатена со протести од 10 јануари оваа година, кога претседателот Николас Мадуро положи заклетва за својот втор мандат, по изборите кои опозицијата ги бојкотираше.
Мадуро ги обвини Соединетите Американски Држави (САД) за организирање пуч против неговата Влада, велејќи дека е отворен за дијалог со опозицијата.
САД водеа меѓународна кампања за примена на економски и дипломатски притисок врз Мадуро, вклучително и санкционирање на државната нафтена компанија во земјата.
Русија, Кина и Иран застанаа Мадуро, како и Турција.
Шпанија, Велика Британија, Франција, Шведска, Германија и Данска се приклучија на САД, Канада и неколку латиноамерикански земји во признавањето на лидерот на опозицијата во Венецуела, Гваидо, како привремен лидер на Венецуела.