Dildar Baykan
06 Октомври 2020•Ажурирај: 06 Октомври 2020
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател Доналд Трамп ја напушти Воената болница „Волтер Рид“, каде се лекуваше од новиот вид коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Трамп, кому му беше дијагностициран Ковид-19 и од петокот на 2 октомври се лекуваше во Воената болница „Волтер Рид“, отпушен е од болница со одобрение од неговите лекари.
Трамп излезе од болницата облечен во костум и со маска на лицето, при што ги поздрави новинарите кои чекаа надвор.
Потсетуваме, американскиот претседател, Доналд Трамп, на 2 октомври соопшти дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на коронавирусот (Ковид-19).
Трамп претходно истакна дека со сопругата Меланија ќе бидат во изолација бидејќи на коронавирусот е позитивна неговата советничка Хоуп Хикс.