Ekip
06 Октомври 2020•Ажурирај: 06 Октомври 2020
ГАЗА
Израелската Армија нападна позиција на палестинското движење Хамас во блокираниот Појас Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според очевидците, израелските воени авиони нападнале позиција во припадност на бригадата „Из ад Дин ал Касам“, военото крило на Хамас, во градот Рефа.
Министерството за здравство на Палестина не даде информации за жртвите.
Претходно, портпаролот на израелската Армија, Авичај Адрае, на Твитер изјави дека од Појасот Газа била истрелана ракета кон израелската територија, без да даде други детали.
Израелскиот весник „Једиот ахронот“ (Yedioth Ahronoth) вели дека локалните официјални претставници во Регионалниот совет Ешкол потврдиле дека ракетата слетала во отворено подрачје надвор од населено место.
Нема коментар од палестинските групи во Газа во врска со ракетниот напад.
Последната ракета истрелана од Појасот Газа кон Израел беше во средината на септември, при што беа повредени две лица во јужен Израел.