Berk Kutay Gökmen
29 Јули 2026•Ажурирано: 29 Јули 2026
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека САД „силно“ ќе го нападнат Иран како одговор на нападите на Техеран врз американските сили во Јордан, пренесува Анадолу.
Во телефонски разговор за „Фокс њуз“, Трамп изјави дека синоќешните напади на САД врз милициите поддржани од Иран во Ирак биле „координирани со“ ирачката Влада.
По нападот на Иран врз Јордан, американскиот претседател изјави: „Ќе ги нападнеме силно (Иранците). Ќе си го добијат своето“.
Во врска со преговорите со Иран за мировен договор, Трамп изјави: „Ќе ги оставиме да продолжат да разговараат“.
Претходно оваа недела, Трамп изјави дека САД водат „добри преговори“ со Иран и дека постои „добра шанса“ за постигнување договор, но предупреди дека воената операција може да продолжи доколку преговорите пропаднат.