Saadet Firdevs Aparı
29 Август 2022•Ажурирај: 31 Август 2022
АНКАРА (АА) - Најмалку три лица го загубија животот во вооружен напад во трговски центар во градот Бенд, во американската сојузна држава Орегон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Си ен ен“ (CNN), полициски службеници соопштија дека три лица, меѓу кои и осомничениот, загинале во престрелката.
Властите истакнаа дека напаѓачот најпрвин почнал да пука на паркинг, каде што било погодено едно лице и однесено во болница. Лицето починало во болница.
Истакнувајќи дека напаѓачот, продолжувајќи да пука влегол во продавница каде што убил уште едно лице. Властите додадоа дека за третото лице кое е пронајдено мртво во продавницата се смета дека е напаѓачот.
Се нагласува дека продолжува истрагата за нападот, во кој има и повредени лица.