Servet Günerigök
02 Ноември 2023•Ажурирај: 03 Ноември 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера изрази длабока загриженост поради влијанието на израелските напади врз Појасот Газа, пренесува Анадолу.
Тој рече дека страдањата на палестинските цивили не може да бидат прифатлива цена за правдата.
„Ние, се подразбира, продолжуваме недвосмислено да го осудуваме одвратниот тероризам на Хамас, и Израел има право да се брани, но цената на правдата не може да биде трајно страдање на сите палестински цивили. Длабоко сме загрижени поради катастрофалното влијание врз жителите на Газа, особено за децата, и затоа повикуваме хуманитарната помош, водата и горивото да бидат доставени во Газа“, рече Трудо пред новинарите во Отава.
Трудо додаде дека Канада се залага за ослободување на заложниците што Хамас ги зароби и за овозможување на помош, со повик до Канаѓаните и нивните семејства безбедно да ја напуштат Газа преку граничниот премин Рафа со Египет.
Израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни авионски бомбардирања по нападот што палестинската група Хамас го изведе врз Израел на 7 октомври.
Во нападите на Хамас врз Израел загинаа 1.538 Израелци.
Во израелските напади на Појасот Газа досега животот го загубија 8.796 Палестинци. Министерството за здравство на Газа информираше дека меѓу загинатите, 3.648 се деца, 2.290 се жени, а повредени се 22.219 лица.