Sarp Özer
15 Октомври 2021•Ажурирај: 16 Октомври 2021
ВАРШАВА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денес се состана со својот полски колега Мариуш Блашчак во рамките на официјалната посета на главниот град на Полска, Варшава, јавува Агенција Анадолија (АА).
По пристигнувањето во Варшава, на официјална покана на Блашчак, Акар првин го посети споменикот Гробот на незнајниот војник.
Потоа, Акар беше пречекан од Блашчак со официјална церемонија во полското Министерство за одбрана.
Двајцата министри одржаа тет-а-тет средба и претседаваа со состаноците одржани меѓу делегациите на двете земји.