Ömer Koparan
09 Февруари 2018•Ажурирај: 09 Февруари 2018
АЗАЗ (АА) - Вооружените сили на Турција (ТСК), во рамките на операцијата „ Маслинова гранка“ извршуваат воздушна операција на целите на терористичката организација ПЈД/ПКК во Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што известува новинар на АА кој се наоѓа на тоа подрачје, авионите на турските сили извршуваат напади на целите на ПЈД/ПКК.
До сега во воздушната операција се погодени најмалку шест цели, вклучувајќи го и ридот Бафилун.
Воени извори тврдат дека воздушната операција започнала во полноќ по локално време, додавајќи дека и понатаму трае.
Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција коешто е засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно на правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.