Jeyhun Aliyev
20 Март 2019•Ажурирај: 20 Март 2019
АНКАРА (АА) - „Турските авиони погодија позиции на ПКК во северен Ирак“, соопшти Министерството за одбрана на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во воздушниот напад на турските безбедносни сили во регионот Хакурк се уништени бункери, складишта за муниција и засолништа на ПКК“, се вели во соопштението на Министерството.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.