Mümin Altaş
28 Ноември 2020•Ажурирај: 30 Ноември 2020
АНКАРА
Турските сили неутрализираа четворица терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Нашите командоси кои се гаранција за нашето спокојство и нашата безбедност, неутрализираа 3 терористи на ПКК/ЈПГ кои отвориле провокациски оган кон зоната каде беше реализирана операцијата Маслинова гранка“, се вели во соопштението.
Во соопштението на ова министерство се нагласува дека операциите ќе продолжат без прекин.