Fuat Kabakcı
29 Ноември 2020•Ажурирај: 30 Ноември 2020
АНКАРА
Триесет и едно лице загина, додека 24 се повредени во нападот извршен со возило бомба во покраината Газне во Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Анонимен авганистански функционер соопшти дека извршен е напад со возило бомба во близина на јавната безбедносна зграда во Газне.
Овој функционер информира дека како резултат на овој напад животот го загубија 31 лице, додека 24 лица се повредени.
Се вели дека нападот бил извршен со оклопно возило од типот „Хумве“ кое било целосно полнето со експлозиви, и дека во оваа зграда се наоѓале единици на командосите.
Се уште никој не ја презеде одговорноста за овој напад.