Cankut Taşdan
21 Февруари 2021•Ажурирај: 21 Февруари 2021
АНКАРА
Турските сили неутрализираа тројца терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се вели дека двајца терористи се неутрализирани во зоната каде беше реализирана операцијата „Извор на мирот", додека еден терорист е неутрализиран во зоната каде беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат".
„Нашите херојски командоси неутрализираа двајца терористи на ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се инфилтрираат во зоната каде беше реализирана операцијата „Извор на мирот", и неутрализираа уште еден терорист на ПКК/ЈПГ кој бил во подготовка за напад во зоната каде беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат" “, се наведува во соопштението.