Cemil Murat Budak
14 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
АНКАРА
Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани 3 терористи на ПКК/ЈПГ во областа на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата од Министерството се наведува дека во областа на „Извор на мирот“ се неутрализирани 3 терористи на ПКК/ЈПГ, кои отвориле вознемирувачки оган со цел да ја нарушат атмосферата на мир и безбедност.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.