Zuhal Demirci
15 Август 2020•Ажурирај: 16 Август 2020
АНКАРА
Турското Министерството за надворешни работи соопшти дека апелот на Еврпската унија (ЕУ) не треа да биде насочена кон Турција, туку кон оние кои прават еднострани чекори во Источниот Медитеран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на турското МНР објавено на социјалната мрежа Твитер се нагласува дека Турција е за дијалог и преговори.
„(Турција) е решителна да ги штити своите легитимни права и интереси. Апелот на ЕУ не треба да биде насочен кон Турција, туку кон оние кои прават еднострани и провокативни чекори во Источниот Медитеран, и кон оние кои не ги почитуваат правата и интересите на Турција и кипарските Турци“, се вели во ова соопштение.