Jeyhun Aliyev
17 Септември 2019•Ажурирај: 18 Септември 2019
ИСТАНБУЛ
Околу 138 лица низ Турција и Турската Република Северен Кипар (TRNC) ќе се појават на суд поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителите во Истанбул издадоа налози за апсење на 223 војници на должност од копнените, воздухопловните и поморските сили, од жандаријата и крајбрежната стража, соопшти извор, кој зборуваше под услов на анонимност.
„Полициските тимови досега приведоа 168 осомничени лица, од кои судот ослободи 30“, додаде изворот, нагласувајќи дека останатите 138 осомничени лица ќе се појават на суд под обвиненија за членување во вооружена терористичка организација.
Безбедносните сили ја продолжуваат потрагата по 55 осомничени припадници, кои се во бегство.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули, 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.