Muhammet Nazım Taşçı
17 Септември 2019•Ажурирај: 17 Септември 2019
МАНИЛА
На југот од Филипините, камион кој превезувал патници паднал во провалија во близина на едно планинско село. Во несреќата бројот на загинати се искачи на 20 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Џоел Лимсон, претставник на полицијата, соопшти дека камион паднал во провалија во едно оддалечено планинско село на подрачјето на градот Т'боли во провинцијата Јужен Котабато.
Лимсон информираше дека на местото на несреќата животот го загубиле 15 лица, додека уште 5 лица починале во болницата во која биле пренесени.
Лимсон наведе дека по несреќата, спасувачките екипи од провалијата ги извлекле безживотните тела на 15 лица, додавајќи дека дел од патниците биле лица кои се враќале од семејна средба организирана во едно крајбрежно одморалиште.
Лимсон истакна дека според она што може да се види, најверојатно откажале кочниците на камионот, кој излегол од контрола.
На болничко лекување се наоѓаат 14 лица.
Ервин Ромел дел Кармен, претставник на Црвениот крст, соопшти дека голем број патници успеале да се спасат скокајќи надвор од камионот.