Zehra Nur Düz
20 Ноември 2019•Ажурирај: 21 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турција во изминатите осум дена има депортирано вкупно 15 странски терористи во нивните матични земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Процесот на депортирање започна по изјавите на турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, кој на 2 ноември нагласи дека Турција не е хотел за припадниците на ДЕАШ од која било земја.
Вкупно 10 Германци, еден Данец, Британец, Американец и двајца холандски државјани беа депортирани од Турција во период од 11 до 19 ноември.
Во центрите за депортирање сè уште се наоѓаат 944 странски терористи, кои се чека да бидат испратени во нивните матични земји, вклучувајќи и еден без државјанство.
Турскиот министер за внатрешни работи на 9 ноември објави дека неговата земја ќе започне со депортирање на терористите на ДЕАШ во нивните матични земји.
Турција е со став дека странските терористи треба да бидат вратени во нивните матични земји. Анкара соопшти дека неколку европски земји не вложиле напори да ги прифатат припадниците на ДЕАШ назад во нивните земји.