Ekipa
14 Октомври 2016•Ажурирај: 15 Октомври 2016
АНКАРА (AA) - Ирачките војници кои ги обучува турската војска во кампот Башика, североисточно од ирачкиот град Мосул, ќе учествуваат во големата акција против терористичката организација ДЕАШ во овој град, јавува Anadolu Agency (AA).
Војниците од Мосул ќе се борат заедно со ирачката војска и со припадниците на Регионалната курдска управа на северот на Ирак (IKBY).
Според сознанијата на АА, од ирачки извори, акцијата ќе започне за неколку дена доколку нема некои непредвидени и вонредни ситуации. Во првата планирана етапа од акцијата, во чија координација учествуваат и Соединетите Американски Држави (САД), силите на Регионалната курдска управа ќе тргнат во околината на градот.
Со војниците од Мосул, кои од почеток на 2015 година се обучувани од турските сили во кампот Башика, на подрачјето под контрола на ИКБЈ, во исто време и на исто подрачје ќе делуваат и пешмергите.
Изворот наведува дека ќе учествуваат и локални сили познати како „Стражарите на Нинива“, предводени поранешниот гувернер на Мосул, Есил Нуџејфи.
Нуџејфи разговараше и со претставниците на ирачката војска, со кои било договорено силите од кампот Башика да се држат до конкретен план со цел за делување во рамките на договореното.
Според планот на акцијата, ирачката војска и шиитската милиција, како и Регионалната курдска управа и „Стражарите на Нинива“ ќе дејствуваат во исто или приближно време од југот на Кајара кон север. На овој начин, Нинива ќе го стави во обрач југот, истокот и северот на Мосул.