Fatih Hafız Mehmet
15 Октомври 2019•Ажурирај: 17 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турција ги повика меѓународните медиуми да престанат да објавуваат манипулативни вести за турската воена операција во североисточна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Садик Арслан, постојаниот претставник на Турција во Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева, се сретна со новинарите од меѓународните медиуми за да ги информира во врска со операцијата „Извор на мирот“.
Арслан изрази незадоволство поради објавувањето манипулативни и еднострани вести во врска со операцијата од страна на меѓународните медиуми.
Тој изјави дека терористите на ЈПГ/ПКК ги напаѓаат цивилите и новинарите на турската страна од границата, користејќи хаубици и снајпери, но новинарите на странските медиуми коишто се наоѓаат таму не успеваат да известат правилно и да кажат дека терористите се оние што ги спроведуваат нападите.
Арслан изјави дека ЈПГ/ПКК извршила стотици напади врз населените подрачја во Турција од почетокот на операцијата и дека досега се убиени 18 цивили, вклучувајќи и деветмесечно бебе.
Тој, исто така, ги критикуваше известувањата дека Турција води борба против Курдите.
„Турција ја има најголемата курдска популација во светот“, изјави Арслан, додавајќи дека земјата нема никаков проблем со Курдите и дека операцијата е спроведувана само против терористите на ЈПГ/ПКК.
Тој изјави дека Турција ги отворила своите врати за Курдите од сирискиот северен град Ајн ал Араб (Кобани) во 2014 година кога градот беше под опсада на ДЕАШ.
Околу 200.000 лица, поголемиот дел сириски Курди, заминаа во Турција во текот на опсадата.
Арслан изјави дека Турција е исто така единствена земја која угостила стотици илјади Курди од северен Иран, кога поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин изврши напад со хемиско оружје.
Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турските граници, и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.
Анкара сака да ја исчисти северна Сирија, подрачјето источно од реката Еуфрат, од терористите на ПКК и нејзиниот сириски огранок ПЈД/ЈПГ.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.