Şerife Çetin
14 Октомври 2019•Ажурирај: 16 Октомври 2019
ЛУКСЕМБУРГ (АА) - Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, истакна дека односите меѓу Турција и ЕУ не е можно да се опишат како црно-бели, и дека меѓу страните се наоѓа мултидимензионално, повеќенасочно и сложено партнерство, јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини одржа прес-конференција по Советот за странски односи на ЕУ одржан во Луксембург, каде говореше за одлуките донесе за Турција во врска со Сирија и активностите за сондажа во Источниот Медитеран.
Запрашана зошто односите меѓу Турција и ЕУ се доведени на оваа точка, Могерини рече дека ЕУ секогаш се обидува да гради конструктивни мостови, но според неа, тоа секогаш не е можно.
„Односите меѓу Турција и ЕУ не се состојат само од прашањата во врска со Сирија и Источниот Медитеран. Турција е значаен сојузник и постојат области каде можеме да реализираме бројни соработки“, додаде Могерини.
„Поминавме од тешки периоди. Турција помина тешки периоди. Никогаш не треба да го заборавиме обидот за државен удар на 15 јули. Односите меѓу Турција и ЕУ не е можно да се опишат како црно-бели. Меѓу страните се наоѓа мултидимензионално, повеќенасочно и сложено партнерство“, рече таа.
Што се однесува до очекувањата на Турција и ЕУ од едни кон други, Могерини нагласи дека треба да се покаже отворен став.
„Како соседи кои споделуваме ист регион, треба да бидеме отворени кон едни-други и треба да бидеме свесни дека имаме бројни заеднички интереси, вклучувајќи ја и безбедноста на регионот“, истакна Могерини.
Според неа, постојат несогласувања меѓу Турција и ЕУ, тврдејќи дека ЕУ не ја признава како терористичка организација „групата која Турција ја признава како таква“, и дека заедничката борба треба да се фокусира во терористичките организации признаени како такви од страна на Обединетите нации (ОН).