Hajer M'tırı
16 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денес истакна дека срцето на блокот е сѐ уште отворено кон Велика Британија, во случај да се предомисли во врска со Брегзит, јавува Anadolu Agency (AA).
Изјавата на Доналд Туск на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур доаѓа во периодот на нова дебата во Beлика Британија за тоа дали да се одржи втор референдум за напуштање на ЕУ.
Исто така, на самитот на ЕУ во декември минатата година, лидерите на ЕУ се согласија дека е постигнат доволен напредок во преговорите за Брегзит за да се премине на втората фаза, која вклучува разговори за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија.
Туск повика на поголема јасност од британската премиерка Тереза Меј околу нејзините планови за тоа какви односи сака со ЕУ откако Брегзит ќе стапи во сила.
Тој нагласи дека Брегзит треба да се случи во март 2019 година, и додаде: „освен доколку не се предомислат нашите британски пријатели“.
„Зарем не беше Дејвид Дејвис оној кој рече: 'Ако демократијата не може да го промени умот, тогаш таа престанува да биде демократија?'‘, истакна Туск, цитирајќи го британскиот државен секретар за Брегзит.
„Ние немавме промена на срцето. Нашите срца сѐ уште се отворени за вас“.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ја повтори пораката на Турск пред европратениците дека вратата на ЕУ останува отворена за Велика Британија, и оти се надева дека тоа јасно ќе биде слушнато во Лондон.
Втората фаза на преговорите за Брегзит, која ќе ги обликува идните трговски односи меѓу Велика Британија и блокот, ќе започне во март.
Велика Британија треба да ја напушти ЕУ во март 2019 година, но страните се согласија на принципот да воведат преоден период што се очекува да трае околу две години.