Ekipa
18 Август 2016•Ажурирај: 19 Август 2016
МОСКВА (АА) - Украинскиот претставник на Владата изјави дека во борбите во источниот дел на земјата, во последните 24 часа загинале тројца војници од владините сили, а шестмина се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Олександер Мотузјанјук, претставник на украинскиот претседател во источниот дел на земјата, изјави дека сепаратистите во последните 24 часа гранатирале позиции на владините сили со двапати поголем интензитет од претходниот ден.
Сепаратистичките претставници од своите упоришта во Донецк, исто така известија за тешки бомбардирања на нивните позиции, што доведе до намалување на снабдувањето со електрична енергија за стотици домови и на рудникот за јаглен.
Борбите меѓу силите на Владата на Украина и сепаратистичките бунтовници во источниот дел на земјата неодамна се интензивираа, и покрај прекинот на огнот од 2015 година. Досега во конфликтот загинаа повеќе од 9.500 луѓе.