Izzet Taskiran
18 Август 2016•Ажурирај: 19 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Патнички авион на „Катар ервејс” принудно слета на аеродромот Ататурк во Истанбул, откако, по судир со птица избил пожар во еден од моторите на авионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Патничкиот авион Ербас А330, во попладневните часови полета на редовна линија Истанбул - Доха, но набрзо по полетувањето се врати на аеродромот во Истанбул поради избувнување на пламен во левиот мотор.
Чекајќи дозвола од кулата за принудно слетување, авионот направи неколку кругови над аеродромот, а потоа без проблеми слета на пистата.
Техничките екипи вршат преглед на авионот, а првите резултати од истрагата покажуваат дека до пожар дошло откако во авионот при полетувањето удрила птица.
Патниците се на терминалот на аеродромот и за Доха ќе отпатуваат со друг авион.