AP
25 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
МОСКВА (АА) - Украина и Русија повторно се цел на хакерски напад кој ги парализираше компјутерите на украинскиот аеродром, метрото и одредени независни руски медуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Цел на нов хакерски напад беа и Меѓународниот аеродром во Одеса, подземната железница во Киев и истакнати руски медиуми како „Интерфакс“ и „Фонтанка“.
Последниот хакерски напад е сличен на оној што се случи во јуни оваа одина, кога беа блокирани компјутерите во болниците, владата и во големите мултинационални компании. Софтверот веројатно е создаден во Украина.
Московската група за кибер-безбедност „Grup-IB“ денес соопшти дека новиот вирус „BadRabbit“ исто така се обидел да влезе во компјутерите на големите руски банки, но безуспешно. Ниту една банка не го пријави нападот.