Recep Şakar
13 Септември 2021•Ажурирај: 14 Септември 2021
МЕЛБУРН (АА) - Министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Нанаиа Махута, соопшти дека покрај помошта од 3 милиони долари дадена на Авганистан, минатиот месец обезбедиле уште 3 милиони долари хуманитарна помош, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на Министерството, Махута истакна дека хуманитарната помош е дадена на УНИЦЕФ и Фондот за население на Обединетите нации (ОН), за да стигне особено до жените и децата.
Махута наведе дека обезбедената нова помош од 3 милиони долари е во прилог на помошта од 3 милиони долари што им ја дадоа на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Агенцијата за бегалци на ОН во Авганистан на 20 август 2021 година.
Истакнувајќи дека според проценките на ОН, 80 проценти од раселените во Авганистан се жени и деца, Махута рече: „Во Авганистан, каде што кризата несразмерно ги погоди жените и девојките, потребна е значителна хуманитарна помош. Денес, поважно е од кога било да се поддржат организациите што обезбедуваат хуманитарна помош и заштита на раселените лица кои се соочуваат со опасности.“
Нов Зеланд ги повлече своите воени единици, кои служеа во Авганистан скоро 20 години, пред мај. На 27 август ја заврши евакуацијата на своите граѓани и Авганистанците кои имаат виза со воени транспортни авиони што им припаѓаат на Новозеландските воздухопловни сили.