Ahmet Gençtürk
10 Мај 2022•Ажурирај: 11 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Русија продолжува да трпи огромни човечки и материјални загуби во Украина, со стотици загинати војници и уништена опрема во текот на изминатиот ден, соопшти денес украинската војска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од почетокот на војната на 24 февруари, во Украина загинале околу 26.000 руски војници, меѓу кои 350 во изминатиот ден, се наведува во најновите податоци на украинскиот Генералштаб.
Украинските сили исто така уништиле 1.170 тенкови, 2.808 оклопни возила, 519 артилериски системи, 380 беспилотни летала, 199 авиони, 185 системи на повеќецевни ракетни фрлачи и 158 хеликоптери.
Руската армија изгубила и речиси 2.000 моторни возила и цистерни со гориво, 94 крстаречки ракети и 87 противвоздушни системи, покажуваат податоците на украинската војска.
Најмалку 3.381 цивили загинаа, а 3.680 се повредени досега во војната во Украина, се проценките на Обединетите нации (ОН). Се стравува дека вистинската бројка е многу поголема.
Според Агенцијата за бегалци на ОН, над 5,91 милиони луѓе пребегале во други земји, а околу 7,7 милиони се внатрешно раселени.