Ruslan Rehimov
14 Април 2022•Ажурирај: 15 Април 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на Украинската армија соопшти дека од почетокот на војната во Украина загинале 19.900 руски војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека украинските сили уништиле 160 авиони, 144 хеликоптери и 753 тенка.
Исто така, од 24 февруари до 14 април уништени биле 1.968 оклопни возила, 366 топа, 122 ракетни системи и 64 системи за противвоздушна одбрана.
Покрај тоа, руските сили загубиле и 1.437 возила, 7 брода и лесни глисери, 76 возила за гориво и 134 беспилотни летала.