Zehra Nur Düz
14 Април 2022•Ажурирај: 15 Април 2022
АНКАРА (АА) - Девет хуманитарни коридори ќе бидат отворени за евакуација на цивилите од опколените градови во Украина, изјави денеска украинскaта вицепремиерка Ирина Вересшчук, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објава на Фејсбук, Верешчук рече дека луѓето можат да користат приватни возила за да го напуштат Мариупол и да заминат за Запорожје, град во кој руските сили досега не влегле.
Верешчук рече дека коридорите за евакуација, исто така, ќе останат отворени за оние кои сакаат да ги напуштат градовите Бердианск, Токмак и Енерходар за Запорожје.
„Сепак, коридорите во Луганск ќе се отворат доколку руските сили престанат со гранатирањето“, додаде Верешчук.
Најмалку 1.932 цивили загинаа, а 2.589 повредени досега во Украина откако Русија ја започна војната против својот сосед на 24 февруари, според проценките на ОН, а се стравува дека вистинската бројка е многу поголема.
„Повеќе од 4,6 милиони Украинци побегнаа во други земји, а над 7 милиони се внатрешно раселени“, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН.