Mustafa Deveci
17 Октомври 2022•Ажурирај: 18 Октомври 2022
КИЕВ (АА) – Во нападите извршени утрината со беспилотни летала камикази во украинскиот главен град Киев од страна на руските сили загинаа 3 лица, меѓу кои е и жена која била во шестиот месец од бременоста и нејзиниот сопруг, јавува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку социјалните мрежи ја потврди градоначалникот на Општина Киев, Виталиј Кличко.
Тој нагласи дека изутрина во Киев биле испратени 28 дронови камикази, од кои 23 биле погодени од страна на системите за воздушна одбрана.
Кличко истакна дека во украинскиот главен град одекнале 5 одделни експлозии.
Според него, за време на операциите за пребарување и спасување во зграда чиј поголем дел бил уништен во нападот на градот, биле откриени 3 безживотни тела.
Градоначалникот Кличко инфорираше дека меѓу загинатите е и жена која била во шестиот месец од бременоста и нејзиниот сопруг.
Кличко сподели и фотографии од остатоците од беспилотното летало камиказа наводно користено во нападот.
Како резултат на нападот во центарот на Киев, една зграда претрпе оштетување.

Безбедносните сили презедоа безбедносни мерки.
Размерите на нападот ги забележа и камерата на АА, а во близина на погодениот објект се слушнале и нови беспилотни летала. Припадниците на безбедносните сили отвориле оган за да ги уништат.
По пукањето одекнале уште две експлозии.
Руските сили и на 10 октомври извршија напад на Киев.
