Meiramgul Kussainova
06 Мај 2022•Ажурирај: 07 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на Украинската армија соопшти дека во војната што започнала на 24 февруари загинале 24.900 руски војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералштабот на Украинската армија објави податоци за загубите на руската страна во војната во периодот од 24 февруари до 6 мај.
„На територијата на Украина загинаа 24.900 руски војници. Освен тоа, уништени се 199 авиони, 155 хеликоптери, 1.110 тенка, 2.686 оклопни возила, 502 топа, 171 ракетен систем и 83 системи за противвоздушна одбрана.“
Се наведува и дека руските сили изгубиле и 1.926 возила, 11 брода и чамци и 324 беспилотни летала.
Руското Министерство за одбрана на 25 март соопшти дека во Украина загинале 1.351 руски војник.